Да се живее поинаку: Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода – Audio
$15.00
Книга која содржи совети, идеи и одговори на прашањата за тоа како да постигнеме смирена состојба на умот, да го надминеме стравот, да се ослободиме од негативните чувства, да се справиме со стресот и како да го пронајдеме вистинското значење на животот. Книгата „Да се живее поинаку: Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода“ е базирана на најновите научни сознанија во областа на психологијата и медицината и е отпечатена на македонски, англиски и шпански јазик. Англиската верзија на оваа книга беше рангирана книга број 1 во полето на медицината и психологијата на Амазон во Америка и има одлични осврти од страна на читателите ширум светот.
Димитра Цилевска, психолог (store manager) –
Да се живее поинаку – од стремеж за промена до себеспознание
“Да се живее поинаку” е вистинско патување низ потсвеста кое располага со доста разнолики средства преку кои на универзален и разбирлив начин успева да ги долови поедините состојби и ситуации кои би можеле да ја попречат нашата самореализација, како и методи и техники за справување со тие пречки и нивно заменување со здрави навики и охрабрувачки перцепции кои можат да создадат позитивна трансформација во нас, и со тоа, во светот околу нас.