Да се живее поинаку: Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода- eBook

(8 customer reviews)

$9.99

Книга која содржи совети, идеи и одговори на прашањата за тоа како да постигнеме смирена состојба на умот, да го надминеме стравот, да се ослободиме од негативните чувства, да се справиме со стресот и како да донесуваме правилни одлуки во животот.

8 reviews for Да се живее поинаку: Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода- eBook

  1. Димитра Цилевска (store manager)

    Да се живее поинаку – од стремеж за промена до себеспознание

    “Да се живее поинаку” е вистинско патување низ потсвеста кое располага со доста разнолики средства преку кои на универзален и разбирлив начин успева да ги долови поедините состојби и ситуации кои би можеле да ја попречат нашата самореализација, како и методи и техники за справување со тие пречки и нивно заменување со здрави навики и охрабрувачки перцепции кои можат да создадат позитивна трансформација во нас, и со тоа, во светот околу нас.

    Димитра Цилевска, Психолог од Битола

  2. Гордана Димовска, Македонија

    Книга која содржи совети, идеи и одговори на прашањата за тоа како да постигнеме смирена состојба на умот, да го надминеме стравот, да се ослободиме од негативните чувства, да се справиме со стресот и како да донесуваме правилни одлуки во животот. Токму тоа што ми требаше да го научам во животот. Навистина одлично дело на авторката Снежана Џамбазова -Попорданоска.

  3. Гордана Димовска (store manager)

    Книга која содржи совети, идеи и одговори на прашањата за тоа како да постигнеме смирена состојба на умот, да го надминеме стравот, да се ослободиме од негативните чувства, да се справиме со стресот и како да донесуваме правилни одлуки во животот. Токму тоа што ми требаше да го научам во животот. Навистина одлично дело на авторката Снежана Џамбазова -Попорданоска.
    Гордана Димовска, Македонија

  4. Вања Златков (store manager)

    Книгата „Да се живее понаку“ од Др Снежана Џамбазова-Попорданоска ги отвори моите заклучени порти во кои имало љубов, искреност и едноставност.
    Вања Златков, Делчево, Македонија

  5. Др Апостол Тома (store manager)

    Што сака да ни порача авторката на книгата „Да се живее поинаку?“
    Да се живее поинаку. Тоа е основната порака што ни ја остава во аманет Д-р Снежана Џамбазова-Попорданоска со нејзината прекрасна книга „Да се живее поинаку: Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода.“
    Очигледно е дека начинот на кој го живееме животот денес, оптоварен со моментални проблеми, грижи и стравови, сомнежи и стресови, не одговара на најважната цел на животот, да се постигне потполно внатрешно задоволство, мир, радост и благосостојба.
    Во своето вистинско ремек дело, Др Попрданоска промовира еден поинаков начин на живот ослободен од стравови, од омраза, од љубомора. Оваа книга ја промовира промената, преобразбата на негативната енергија во позитивна, покажувајќи ни како да допреме до изворот на длабока љубов која вечно живее во нас, во нашето срце.
    Но, да се стигне до срцето, до вистинското водство, како што милува да каже Д-р Емил Попорданоски во неговите стихови за умот и срцето, кои се одлична подршка на оваа книга, треба да совладаме низа препреки. Тие препреки детално и темелно се обработени во оваа бесценета книга.
    Справување со стресот во денешниот модерен свет – Научните факти говорат дека меѓу 80% и 90% од сите болести се предизвикани од стресот, а некои истражувачи веруваат дека сите болести – најмалку делумно – се резултат на стрес. Стресната реакција е поврзана со 6-те водечки причини за смрт – заболување на срцето, канцерот, белодробните заболувања, несреќните случаи, цирозата на црниот дроб и самоубиството. Ова само посебе доволно јасно укажува за важноста на стресот и неговата тесна поврзаност со здравјето на човекот. Поради тоа, авторката во овој Прирачник за здравјето и животот, посветува адекватно внимание на ова прашање и нуди практични решенија за справување со стресот во актуелниот модерен живот. Природната склоност на нашиот ум да се фокусира претежно на негативното во животот, на минатото и иднината, кои слободно можеме да кажеме дека се крадци на драгоценото време, придонесуваат да ја занемариме сегашноста, која е сѐ што имаме. Запознавајќи се себеси и нашите склоности, лесно можеме да надминеме одредени негативни состојби и да бидеме повеќе во сегашноста, како единствено време во кое постоиме и сме живи.
    Ослободување од стравот и постигнување вистинска слобода во животот. Секое човечко битие има огромен потенцијал, неизмерна енергија и неограничена моќ, ќе рече автороката, меѓутоа тоа битие често се чувствува како да е во затвор. Во суштина, се работи за стравот кој е најголем непријател на човекот. Стравот секогаш стои позади неуспехот, болестите и лошите меѓучовечки односи. Стравот е мисла во умот, што значи дека во основа, човекот се плаши од сопстевните мисли. Како резултат на тоа, човекот не може целосно да го изрази својот потенцијал и да ја почуствува вистинската љубов. А за совладувањето на стравот прочуениот филозоф Ралф Валдо Емерсон ќе рече: „Направете го токму тоа од што се плашите и стравот исцело ќе умре.“ Авторката овде подетално ги разработува одделните ограничувачки верувања и новите разумни верувања кои се во стварност се и вистинските одговори како да се ослободиме од стравот т.е. ограничувањата кои самите сме си ги наметнале.
    Зголемување на самодовербата и спознавање на нашата вистинска вредност бара исто така сериозна работа на себе и ослободување од формираната слика за себе од раните години на нашиот живот. За тоа авторката нуди практични начини како да се ослободиме од наметнатите маски и да ја пронајдеме нашата вистинска вредност во себеси. Во тој контекст се анализирани важни карактеристики на личности како што се перфекционисти, одрекувачи, скептици, одолговлекувачи и други, со детални објаснувања за нивната појава и решенија за надминување, а со крајна цел да се зајакне самодовербата.
    Натаму авторката темелно ги разработува сите битни прашања од реалниот живот, као што се ослободувањето од нашето его, донесувањето на правилни одлуки, одржувањето на телесното здравје, поврзаноста на умот и телото со пособен осврт на афирмациите, спознавањето на себеси, живеењето овде и сега, завршувајќи со љубовта, самореализацијата и вистинското значење на животот. Мудрецот ќе каже дека животот е дар, непроценливо богатство и светост на светостите
    И на самиот крај на на овој краток осврт на „Да се живее поинаку: Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода“, сакам да истакнам едно интересно прашање што го поставува авторката до читателот во врска со страдањето: „Дали сакате да го намалите вашето страдање за одреден временски период или сакате целосно да се ослободите од него? Ако сакате привремено да го намалите страдањето, тогаш пијалок, таблета, логично објаснување, или некакво краткотрајно задоволство можат да ви помогнат, со неизбежните последици од зависност, стравот, покајување и така натаму. Но ако навистина сакате да се ослободите од страдањето, мора да престанете да го избегнувате на различни начини и да бидете храбри да се соочите со него.“
    -Др Апостол Тома, PhD, Доктор на биолошките науки, Скопје, Македонија

  6. Тоде Новачевски (store manager)

    Вашата книга „Да се живее поинаку“, посветена на сите нас кои се соочуваме со здравствени кризи и проблеми од секаков вид, е навистина едно од најзначајните дела од оваа област. Од моите студентски години до денес, имам прочитано безброј книги кои се бават со истата тематика и можам со задоволство да констатирам дека „Да се живее поинаку“ е според мене, на самиот врв и во нашата и во светската литература. Секоја ви чест Снежана и за најстудиозниот пристап и за едноставноста на изразот, но најмногу за искреноста со која го споделувате со сите нас искуството на својот пат до љубовта, до спокојот, до смислата на животот, до оптимизмот и до здравјето.

  7. Борика Цветковска (store manager)

    Драга Снежана, книгата „Да се живее поинаку“ е навистина прекрасна. Вашата книга е секогаш со мене во моето слободно време. Уживам да се дружам со неа. Ја препорачава на моето семејство, моите колеги и моите пријателки. Сигурно знаете дека постои гласање за книга на годината од домашни автори. Сакам да знаете дека ја имате мојата поддршка. Ви посакувам многу успех. Наредна книга што сакам да ја читам е вашата втора книга.
    Срдечни поздрави,
    Борика

  8. Snezhana Djambazova-Popordanoska (store manager)

    „Наша најдлaбока потреба во животот е да сакаме, а истовремено да бидеме сакани токму онакви какви што сме. Без љубов не можеме да постигнеме трајна среќа во животот. Љубовта е основата на човековата автентична моќ. Само доколку го следиме патот на љубовта, ќе добиеме сѐ што посакуваме во животот.“
    Со овие зборови започнува книгата на почитуваната Д-р Снежана Џамбазова -Попорданоска, книга којашто по своето значење и суштина претставува многу повеќе од книга. Овие страници кои Попорданоска му ги посветува на читателот со желба тие да му помогнат да ги пронајде мирот и радоста во себе се своевиден практичен прирачник за отркривање на смислата на животот и постигнување на самореализација.
    „Ние, луѓето, честопати не сме свесни за тоа колкав е навистина потенцијалот на нашиот ум кога дејствува во хармонија со нашето битие“ -вели Попорданоска. Во книгата која е заснована на нејзините долгогодишни научни истражувања од областа на психологијата, како и од нејзиното искуство во работа со пациенти од различни култури, националности и религии, таа ни нуди научни методи и техники за тоа како да се справиме со пречките во нашиот живот кои можат да ја попречат нашата самореализација.
    Концепциски, книгата е поделена на поглавја кои во насловот поставуваат конкретно прашање, а самото поглавје започнува со цитат во кој што е синтетизирана една општочовечка мудрост. Одговорот на прашањето поставено во насловот е даден на едноставен начин, но не во вид на единствен можен одговор, туку многу повеќе како упатства кои ни помагаат да се осознаеме и да ги пронајдеме вистинските одговори во нас самите. Попорданоска покажува извонредна почит кон фактот дека секој човек е засебна индивидуа, а единстевното нешто што нѐ поврзува е Љубовта. Често низ страниците на книгата се среќаваат и пократки и подолги поеми кои нa читателот му овозможуваат и едно специфично поетско искуство и прават совршен спој помеѓу научниот аспект на психологијата и уметноста како неотуѓив дел од човековото постоење.
    Книгата завршува со веројатно клучното прашање за секој од нас: Како да постигнеме самореализација. Попорданоска го цитира Нил Доналд Волш:„Ако живеете според природните закони, ги имате сета слобода, сета радост, сето спокојство и сета мудрост, разбирање и моќ на Духот кој живее во вас. Ќе станете целосно реализаирано битие.“
    „Да се живее поинаку“ е ретко издание на книга од областа на психологијата која што нуди извонредно психолошко, емоционално, книжевно искуство и којашто никого нема да го остави рамнодушен. Читањето на страниците на оваа книга е како патување кон своето внатрешно Јас при кое што постојано имате помош во вид на насоки и упатства и кое што сигурно ќе ве доведе до целта -да се спознаете во целост и да ги отклучите вашите скриени потенцијали, да излезете од сопствениот кожурец и да станете најдобрата верзија од себе.
    Топло ја препорачувам „Да се живее поинаку“, а на Д-р Снежана Џамбазова -Попорданокса и посакувам уште многу успешни изданија.

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *