Да се живее поинаку: Патување кон самореализацијата (Книга Втора) (PDF)

(5 customer reviews)

$9.99

Мотивациската книга за личен развој, „Да се живее поинаку-Патување кон самореализацијата (Книга Втора)“ е базирана на научни истражувања и вистинити животни приказни од психолошкото советувалиште на авторката. Оваа книга претставува неопходен прирачник за животот кој ќе ви помогне да постигнете потполна физичка, ментална и духовна благосостојба, да ја употребите моќта на вашиот ум за да ги остварите сите ваши соништа и да постигнете самореализација. „Да се живее поинаку-Патување кон самореализацијата“ нуди моќни, научно –засновани техники кои ќе ви помогнат да:

  • Го зголемите нивото на вашата свест
  • Ја употребите моќта на вашиот ум за да ги излекувате болестите на вашето тело
  • Постигнете трајна среќа во животот
  • Ја пронајдете вашата идеална професија
  • Го креирате највозвишеното издание од себеси.
Categories: ,

5 reviews for Да се живее поинаку: Патување кон самореализацијата (Книга Втора) (PDF)

  1. Дину Вангели (store manager)

    Ова е прекрасна книга! Таа има моќ да го промени светот. Содржи огромна мудрост, а воедно и практични техники за остварување на најзначајните цели во животот. Те издигнува на едно повисоко ниво на постоење и го трансформира твојот живот на најдобриот можен начин.

  2. Горјан Петревски, писател (store manager)

    Книгата „Да се живее поинаку: Патување кон самореализацијата“ од Д-р Снежана Џамбазова -Попорданоска е своевидно, со обични зборови речено „духовно помагало“ и за младите, и за возрасните, а пренесено на колку едноставле, толку и стручен начин. Не ме изненадува походот што го предизвикува кај читателите. Честитки за авторката.

  3. Зорица Карајанкова (store manager)

    Само треба да се набави да се прочита. Секој збор е излишен и ќе изгледа како величење на авторката со зборови, вредноста, стручноста, убавината. на мислата, смислата и потребата да му се помогне на обичниот смртник ( тоа сме сите ние), изобилната скромност кои се само карактеристики на една душа Господова.. Јас многу често велам: „Бог Ве има пратено на Земјава да бидеш посебна и да им помагаш на чуѓето со својата стручност и мудрост пред се.“ Набавете ја книгата и сигурна сум дека ќе биидете презадоволни и среќни. Пробајте да живеете поинаку…вредност која не чини пари, туку вистинсско задоволство и здравје…

  4. Стеван Аврамовски (store manager)

    Книгата „Да се живее поинаку -Патување кон самореализацијата“ претставува неопходен водич кон стекнување на духовна мудрост, себеспознание и автентична среќа. Авторката на еден универзален и разбирлив начин успева да ги илустрира најчестите начини на гледање на работите во животот кои, всушност, би можеле да ја попречат нашата самореализација.Книгата исто така нуди научни стратегии како да се постигне повисоко ниво на свест и да се стигне до изворот на вистинска, трајна среќа. Оваа книга не само што ме инспирира и ме натера да живеам поинаку, туку и ме мотивира да продолжам да ги споделувам овие сознанија со тие околу мене.

  5. Silvana Georgieva (store manager)

    „Да се живее поинаку-Патување кон самореализација“ е навистина едно духовно патување после кое сигурно нема да останете исти. Страниците на ова дело ќе ве информираат, едуцираат, мотивираат, ќе ве однесат до вашето најдлабоко битие, ќе ве предивикаат да се соочите со своите стравови и сомнежи, ќе ви помогнат да ја почувствувате катарзичната моќ на откривањето на своето вистинско Јас, а на крајот ќе ви ги дадат потребните алатки да го зголемите нивото на својата свест, да постигнете трајна среќа во животот, да ја пронајдете својата идеална професија и да го креирате највозвишеното издание од себеси.

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

1 2 3 4 5