Да се живее поинаку: Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода (книга за личен развој на македонски јазик)

(10 customer reviews)

$20.00

Книга која содржи совети, идеи и одговори на прашањата за тоа како да постигнеме смирена состојба на умот, да го надминеме стравот, да се ослободиме од негативните чувства, да се справиме со стресот и како да донесуваме правилни одлуки во животот.

10 reviews for Да се живее поинаку: Патување кон внатрешниот мир, неизмерната радост и вистинската слобода (книга за личен развој на македонски јазик)

  1. Гордана Димовска (store manager)

    ,,Книга која содржи совети, идеи и одговори на прашањата за тоа како да постигнеме смирена состојба на умот, да го надминеме стравот, да се ослободиме од негативните чувства, да се справиме со стресот и како да донесуваме правилни одлуки во животот. Токму тоа што ми требаше да го научам во животот. Навистина одлично дело на авторката Снежана Џамбазова -Попорданоска.”
    Гордана Димовска, Македонија

  2. Вања Златков, Македонија

    Книгата на Др Снежана Џамбазова-Попорданоска ги отвори моите заклучени порти во кои имало љубов, искреност и едноставност.

  3. Димитра Цилевска, психолог, Македонија

    Да се живее поинаку – од стремеж за промена до себеспознание
    “Да се живее поинаку” е вистинско патување низ потсвеста кое располага со доста разнолики средства преку кои на универзален и разбирлив начин успева да ги долови поедините состојби и ситуации кои би можеле да ја попречат нашата самореализација, како и методи и техники за справување со тие пречки и нивно заменување со здрави навики и охрабрувачки перцепции кои можат да создадат позитивна трансформација во нас, и со тоа, во светот околу нас.

  4. Nalin Huang, Phillipines

    “Another Way of Living” helped to discover my true personality. Dr Snezhana’s powerful words helped me to gain my confidence, improve myself-esteem and realise my true potential as a human being.

  5. Симон Шувака (store manager)

    Книгата „Да се живее поинаку“ претставува едно вистинско богатство. Тоа е книга што се чита во еден здив, и потоа се чита цел живот.
    Симон Шувака, Перт, Австралија

  6. Тоде Новачевски (store manager)

    Вашата книга „Да се живее поинаку“, посветена на сите нас кои се соочуваме со здравствени кризи и проблеми од секаков вид, е навистина едно од најзначајните дела од оваа област. Од моите студентски години до денес, имам прочитано безброј книги кои се бават со истата тематика и можам со задоволство да констатирам дека „Да се живее поинаку“ е според мене, на самиот врв и во нашата и во светската литература. Секоја ви чест Снежана и за најстудиозниот пристап и за едноставноста на изразот, но најмногу за искреноста со која го споделувате со сите нас искуството на својот пат до љубовта, до спокојот, до смислата на животот, до оптимизмот и до здравјето.

  7. Дона Димовски -Кантаровски (store manager)

    Во ова ветерливо попладне се барам себеси, сакам да пронајдам некој си мир, некој совет, некој напишан убав збор од Др Снежана Џамбазова – Попорданоска. Нејзините зборови во книгата „Да се живее поинаку“ звучат како мелем за човековата душа.

  8. Борика Цветковска

    Драга Снежана, книгата „Да се живее поинаку“ е навистина прекрасна. Вашата книга е секогаш со мене во моето слободно време. Уживам да се дружам со неа. Ја препорачава на моето семејство, моите колеги и моите пријателки. Сигурно знаете дека постои гласање за книга на годината од домашни автори. Сакам да знаете дека ја имате мојата поддршка. Ви посакувам многу успех. Наредна книга што сакам да ја читам е вашата втора книга.
    Срдечни поздрави,
    Борика

  9. Борика Цветковска

    Драга Снежана, книгата „Да се живее поинаку“ е навистина прекрасна. Вашата книга е секогаш со мене во моето слободно време. Уживам да се дружам со неа. Ја препорачав на моето семејство, моите колеги и моите пријателки. Сигурно знаете дека потои гласање за книга на годината од домашни автори. Сакам да знаете дека ја имате мојата поддршка. Ви посакувам многу успех. Наредна книга што сакам да ја читам е вашата втора книга.
    Срдечни поздрави,
    Борика

  10. Силвана Димитриевска, писателка, Скопје, Македонија

    „Наша најдлaбока потреба во животот е да сакаме, а истовремено да бидеме сакани токму онакви какви што сме. Без љубов не можеме да постигнеме трајна среќа во животот. Љубовта е основата на човековата автентична моќ. Само доколку го следиме патот на љубовта, ќе добиеме сѐ што посакуваме во животот.“
    Со овие зборови започнува книгата на почитуваната Д-р Снежана Џамбазова -Попорданоска, книга којашто по своето значење и суштина претставува многу повеќе од книга. Овие страници кои Попорданоска му ги посветува на читателот со желба тие да му помогнат да ги пронајде мирот и радоста во себе се своевиден практичен прирачник за отркривање на смислата на животот и постигнување на самореализација.
    „Ние, луѓето, честопати не сме свесни за тоа колкав е навистина потенцијалот на нашиот ум кога дејствува во хармонија со нашето битие“ -вели Попорданоска. Во книгата која е заснована на нејзините долгогодишни научни истражувања од областа на психологијата, како и од нејзиното искуство во работа со пациенти од различни култури, националности и религии, таа ни нуди научни методи и техники за тоа како да се справиме со пречките во нашиот живот кои можат да ја попречат нашата самореализација.
    Концепциски, книгата е поделена на поглавја кои во насловот поставуваат конкретно прашање, а самото поглавје започнува со цитат во кој што е синтетизирана една општочовечка мудрост. Одговорот на прашањето поставено во насловот е даден на едноставен начин, но не во вид на единствен можен одговор, туку многу повеќе како упатства кои ни помагаат да се осознаеме и да ги пронајдеме вистинските одговори во нас самите. Попорданоска покажува извонредна почит кон фактот дека секој човек е засебна индивидуа, а единстевното нешто што нѐ поврзува е Љубовта. Често низ страниците на книгата се среќаваат и пократки и подолги поеми кои нa читателот му овозможуваат и едно специфично поетско искуство и прават совршен спој помеѓу научниот аспект на психологијата и уметноста како неотуѓив дел од човековото постоење.
    Книгата завршува со веројатно клучното прашање за секој од нас: Како да постигнеме самореализација. Попорданоска го цитира Нил Доналд Волш:„Ако живеете според природните закони, ги имате сета слобода, сета радост, сето спокојство и сета мудрост, разбирање и моќ на Духот кој живее во вас. Ќе станете целосно реализаирано битие.“
    „Да се живее поинаку“ е ретко издание на книга од областа на психологијата која што нуди извонредно психолошко, емоционално, книжевно искуство и којашто никого нема да го остави рамнодушен. Читањето на страниците на оваа книга е како патување кон своето внатрешно Јас при кое што постојано имате помош во вид на насоки и упатства и кое што сигурно ќе ве доведе до целта -да се спознаете во целост и да ги отклучите вашите скриени потенцијали, да излезете од сопствениот кожурец и да станете најдобрата верзија од себе.
    Топло ја препорачувам „Да се живее поинаку“, а на Д-р Снежана Џамбазова -Попорданокса и посакувам уште многу успешни изданија.

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *